Триото Audi Sphere претходница на автономно купе, SUV и лимузина / ФОТО+ВИДЕО
Audi ја „запозна“ јавноста со скици за три нови концепти, за кои шефовите велат дека се демонстрација на визијата за иднината во однос на технологијата за автономно движење
Трите студии се нарекуваат Sky Sphere, Grand Sphere и Urban Sphere и треба да бидат презентирани во текот на следната година. Повеќето информации беа обезбедени во форма на видео клип на социјалната мрежа LinkedIn од шефот на продажбата на Audi, Хенрик Вендерс и шефот на дизајнот Марк Лихте.
Вендерс возилата ги нарекува „концептни автомобили кои го одземаат здивот, кои ќе ја ревидираат мобилноста што ја знаеме денес“, додавајќи дека тие се дизајнирани да обезбедат „уникатно првокласно искуство“
Скицата за Sky Sphere открива долга, елегантна силуета и она што е невообичаено за електричен автомобил, продолжена хауба. Вендерс вели дека овој модел овозможува одлично возачко искуство и можност за автономно возење истовремено, што сугерира дека станува збор за форма на спортско купе со две врати.
Приказот на Grand Sphere дава увид во елегантен Grand Tourer, која исто така се одликува со продолжен преден дел, но и малку поголемо тело во споредба со Sky Sphere. Лихте вели дека сè тука се врти околу фасцинантната појава и чувството на висока класа за сите сетила.
Urban Sphere е покомпактен и „покутиест“, потсетува на AI: ME концептот на Audi за компактен SUV. Вендерс го опишува како „приватен простор во урбана средина, дигитално поврзан и социјален, совршено центриран околу вас“.
Audi не даде детали за тоа кога ќе бидат прикажани концептите Sphere или колку тесно ќе бидат поврзани со идните производствени модели. Брендот Инголштад во моментов ја проширува понудата за електрични автомобили e-tron и работи на напреден Artemis проект.
https://youtu.be/7xhsiQWY2fU