За повеќе невладини организации во Франција, рекламирањето автомобили има идентични ефекти како промовирање на фосилни горива и други индустрии кои значајно придонесуваат за глобалното затоплување

Од нивните редови се слушаат барања за усвојување на таканаречен „закон на Евин“ со кој би се регулирале прашањата врзани со транспортот.

Невладините организации кои се залагаат за ваква насока на развој се: Greenpeace, Мрежа за климатска акција (Climate Action Network) и Отпор на агресивното рекламирање (Resistance to Advertising Aggression). Првите луѓе на сите три организации издале заедничко соопштение за медиумите, кое е пласирано под слоганот „Да го запреме рекламниот климактицид“.

Споменатиот „Закон на Евин“ е всушност реплика на регулатива од 1991 година со која се забранува промоција на цигари и алкохолни пијалоци, со образложение дека новиот закон ќе би застанал на патот на промовирање на производи чија потрошувачка предизвикува штета на природната околина, а се однесува на индустрии као воздухопловството, автомобилската, поморската и индустријата на фосилна горива “. Од горенаведениот список е исклучен само секторот јавен превоз, чија промоција би останала непречена.

Непотребно е да се каже дека автомобилскиот сектор е посебен „трн во око“ на зелените активисти. Според извештајот, дури 4,3 од вкупно 5,1 милијарди евра потрошени за рекламирање, се однесуваат на парите издвоени за маркетинг цели, од страна на производителите на автомобили.

За споменатите невладини организации, рекламирањето игра „главна улога во стимулирање на потрошувачката и стимулирање на колективната фантазија“, додека забраната за промоција ќе „придонесе за различна културна и симболичка перцепција на производите на наведените индустрии“. Ако може се да се стави вп еден слоган, тоа би било некако вака „Овие реклами ја загадуваат нашата планета и нашиот мозок“.

Сè на сè, нема сомнение дека рекламирањето значително ја стимулира потрошувачката, додека забраната ќе донесе за пад на продажбата. Невладините организации барем за тој дел се целосно во право. За останатото проценете сами. Единствената работа за која не сме сигурни, а можеби и сме, е како компаниите кои инвестирале милијарди во производството на таканаречените „спорни производи и услуги“ би реагирале на ова.

Што се однесува до самите Французи, според резултатите од анкетата организирана од Greenpeace заедно со друга организација, дури 65% од граѓаните ја поддржуваат иницијативата, што секако не е мал процент.

Извор: Ауторепублика