Автомобилите на Tesla немаат конкуренти во однос на километражата и динамиката, но имаат најмногу пријавени дефекти, според извештајот на Ј.D. Power

Светот се сврте наопаку. Потврда за ова е фактот дека Dodge се најде на врвот на J.D. Power во извештајот за квалитет. Друг интересен факт е дека американските компании одлично котираат во оваа последна студија, како што забележува J.D. Power.

„Ова се најдобри резултати за производителите од Детроит во споредба со увезените брендови“, се вели во извештајот на J.D. Power.

Студијата се спроведува 34-та година по ред, фокусирајќи се на проблемите на новите автомобили (моделна 2020 година) во првите 90 дена по купувањето.

J.D. Power забележува дека инфо-забавните системи се најпроблематични, со „скоро 25% удел во сите дефекти пријавени од сопствениците на нови модели“. Главните поплаки се поврзани со системите за препознавање глас, поврзување со Android Auto / Apple CarPlay, екраните на допир, вградените системи за навигација и поврзување со Bluetooth.

И ако на врвот на листата се претежно американски брендови (повеќе од нетипично за овој вид рангирање), тогаш на дното на рангирањето е уште поинтересно. Таму се Jaguar со 190 проблеми на 100 автомобили, по што следат Mercedes (202), Volvo (210), Audi (225) и Land Rover (228).

Но, тие не се најлоши брендови, затоа што Tesla има 250 проблеми на 100 автомобили (во просек 166)! Овде треба да се забележи дека Tesla не се појавува во официјалното рангирање затоа што не ги исполнува критериумите. Причината за ова е фактот дека Tesla не дозволува агенцијата да спроведе анкета меѓу сопствениците на моделите на Tesla во 15 држави. J.D. Power сепак собрал доволно информации од другите 35 држави за да ги пресмета 250-те дефекти на 100 автомобили, но со појаснување дека компанијата не е официјално вклучена.

Целиот извештај на J.D. Power може да го погледнете на следниот линк.