Како светскиот „зелен“ бестселер може да стане уште „позелен“?

Едноставно – соларни панели на кровот и други делови од каросеријата кои ќе генерираат дополнителна електрична енергија.

Ова е всушност целта на новото истражување со кое стартува Toyota овој месец во Јапонија. Системот може да генерира доволно електрична енергија за да na Prius PHV му овозможи дополнителни 56 километри возење.

Тестирањето ќе се врши на јавни патишта заклучно со февруари, во соработка со производителот на соларни ќелии, Sharp Corp., а во рамките на иницијатива поддржана од јапонската влада под името „New Energy and Industrial Technology Development Organization“.

Ако не знаете, Toyota веќе има Prius со соларни панели, но технологијата како опција е резервирана само за паарот во Јапонија и Prius PHV.

Новиот демо автомобил драматично ги зголемува перформансите.

За разлика од сегашниот систем, кој се полни исклучиво кога автомобилот е паркиран, новата верзија функционира и за време на движење на возилото.

Постоечкиот систем во Prius PHV генерира околу 180 W додека возилото е паркирано, што е доволно енергија за поминување на околу шест километри, во „чисто“ сончев режим. Новиот систем испорачува 860 вати, речиси пет пати повеќе, што е доволно за 45 километри возење ако автомобилот бил наполент додека е паркиран или 56 километри ако се полни за време на движењето.

Дел од придобивките се поради поефикасните соларни ќелии, но новата технологија исто така користи повеќе панели. Хаубата, покривот и задниот прозорец се покриени со црни соларни ќелии, со само 0,03 милиметри дебелина. Бидејќи се многу тенки, тие можат да се прилагодуваат на обликот на каросеријата.

Портпаролката на Toyota вели дека прегледноста не е проблем бидејќи возачот може да ги користи страничните ретровизори, како и задната камера при возење наназад и паркирање. Од јапонската компанија потврдуваат дека тестирањето ќе помогне да се одреди количината на сончева енергија што може да помогне за да се прошири автономијата и горивната ефикасност на електрифицираните возила.