Европската поделба на Ford подготвува радикални промени во палетата на производи

Имено, моделите кои наскоро исчезнуваат од понудата на американскиот производител: Mondeo, S-Max и Galaxy ќе бидат заменети со еден караван со зголемен клиренс.

Новитетот се уште нема официјално име, но како таков сигурно ќе претставува отстапување на американскиот производител од хеџбек и MPV сегментот. Иако не постои официјална потврда за датумот на премиерата на новитетот, очекувањата се за почетокот на 2021 година.

За разлика од некои други европски Ford модели, овој специфичен караван, ќе биде понуден и во Северна Америка, како и на некои други важни глобални пазари. Инсајдери наведуваат дека развојниот тим на Ford како репер го земаат јапонскиот Subaru Outback, кој е чест избор на купувачите преку барата. Ова е потврдено со фактот дека Outback на американскиот пазар се продава со бројка од над 200.000 примероци на годишна основа.

Новитетот треба да биде базиран на супер-флексибилна архитектура C2, која е основа и за новиот Focus, исто како што ќе биде искористена и за речиси целиот спектар на Ford во следната генерација, почнувајќи од Fiesta па се до кросовер сегментот на Edge. Комерцијалситите Transit и Tourneo, исто така, делумно ќе ја користат истата платформа.

Овој интересен караван ќе користи бензински и дизел мотори, со опција за лесен хибридна систем 48V со бензински агрегат. 

Запознаени со ситуацијата во Ford тврдат дека дизел моторите ќе бидат усогласени со новиот 6d стандар, односно ќе бидат чисти како бензинските аналози, што е во согласност со стратегијата на компанијата. 

Американскиот производител очекува новитетот со продажбата да ги надмине моделите кои ќе ги замени односно Mondeo, S-Max и Galaxy, и тоа гледано како збир. Во текот на претходната година, купувачите во Европа купиле околу 50.000 примероци од Mondeo, 24.000 од S-Max и 12.000 од Galaxy. Јасно е дека таквите количини не се доволни за задоволување на профитабилните апетити на акционерите.