Toyota го привршува развојот на новата генерација на Supra, но тоа не е сè што јапонците подготвуваат кога станува збор за спортски автомобили

Според американските стручни медиуми, претседателот на Toyota, Акио Тојода, сака уште двa спортски модели кои ќе го формираат новото спортско тројство на компанијата. Според информациите на Американците, Toyota планира едниот од тие два претстојни автомобили да биде поевтина, поприфатлива верзија на Supra.

Toyota веќе некое време го тестира теренот за спортски модели. Пред три години го претстави концептот FR-S, која беше замислен како модел со четири седишта, а Акио Тојода тогаш тврдеше дека тој е „идеална можност новата генерација да се вљуби во спортското возење“.

Новата Supra е развиена заедно со BMW, а овој автомобил и баварскиот Z4 се родбински многу блиски. Иако BMW во голема мера го утврди датумот на премиерата на Z4, Toyota на Goodwood Festival of Speed престави прототип на Suprа. Овој потег предизвика мало разочарување меѓу експертите, со оглед на фактот дека развојот на двата модели е започнат во исто време, а баварскиот бренд многу порано го претставува својот адут. Информации за премиерата на Supra ссеуште нема.