Со својата теренска традиција од скоро 70 години, легендарниот Land Cruiser на Toyota останува единствен во својата класа по својата способност да обезбедува супериорен квалитет, издржливост и сигурност, со ненадминливи теренски можности и постојано зголемување на нивото на луксуз, комфор и престиж

Land Cruiser се продава во повеќе од 190 земји во светот, што е повеќе од кој било друг модел на Toyota. Со своите неспоредливи карактеристики, тој низ годините се здоби со статус на едно од најмоќните и најсигурни 4х4 возила, со што стана најпродаваниот модел во својата класа на бројни европски пазари.

Проверениот мотор од 2,8 литри, четири цилиндри, DOHC, со 16 вентили и common-rail дистрибуција на гориво обезбедува поголема моќност и вртежен момент. Максималната моќност е зголемена за 27 КС (20 kW), на 204 КС (150 kW), во опсег од 3.000 до 3.400 вртежи во минута, додека максималниот вртежен момент е поголем за 50 Nm, така што сега е 500 Nm при 1.600 до 2.800 вртежи во минута.

Во комбинација со шестстепен автоматски менувач, моторот му овозможува на Land Cruiser максимална брзина од 175 km/h и го намалува времето потребно за забрзување од 0 до 100 km/h за три секунди или 9,9 секунди.

Покрај тоа, воведувањето на технологијата Stop & Start на Toyota придонесува за намалување на просечната потрошувачка на гориво и емисијата на СО2 – за 0,7 литри, на 7,0 литри на 100 километри, како и на емисиите кои се пониски за 18 g / km и сега изнесуваат 192 g / km.

Што се однесува до ентериерот, нивото на опрема е значително подобрено, пред се со подобрување на мултимедијалниот систем. Со побрза реакција на софтверот и екранот, со функционален екран на допир и индивидуализиран распоред на почетниот екран, новиот систем обезбедува поврзување за Apple CarPlay и Android Auto.

Системот овозможува пребарување на едно место, тригодишна поддршка за услуги поврзани со мапи, како и надградба низ етерот (over-the-air). Поврзаните услуги вклучуваат интернет извештаи за сообраќајот во реално време, употреба на Google пребарувачот и дополнителни информации за патните камери кои ја контролираат брзина, паркинзи, цени на гориво и временски услови.

Land Cruiser сега е опремен и со втората генерација на Toyota Safety Sense системот на активна безбедност. Списокот на безбедносни решенија е проширен, вклучувајќи го и системот за предупредување за судир (Pre-Collision System – PCS), ноќна детекција на пешаци, дневно откривање на велосипедисти, како и паметен прилагодлив темпомат (Intelligent Adaptive Cruise Control).

Покрај овие технолошки подобрувања, Land Cruiser на клиентите ќе им понуди и многу повеќе стил и повеќе престиж кој го донесува новиот, специјален пакет Black Pack дизајниран за оваа палета на возила.

Надворешноста на Land Cruiser располага со нови опционални додатоци Black Pack кои вклучуваат комплетна црно хромирана предна решетка, како и украси на задниот дел – за прв пат кај моделите од гамата на Land Crusier. Тука се и светлата за магла врамени со црни рамки, надворешниѕе ретровизори… Внатрешноста е збогатена со уникатна црна централна конзола и завршна обработка на централниот тунел.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1u14riiC1Pq0ygQ52LC3sVUtU0nXSHd0m” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Од Toyota велат дека ниту еден друг теренец не може да се спореди со Land Cruiser 2020 и неговиот уникатен спој на теренски можности и возни перформанси. Повеќе од кога било, неговиот изглед на патот, подобрените перформанси и уште повисокото ниво на вградена технологија го издвојуваат овој автомобил како врвно 4х4 возило, со совршена комбинација на возење во какви било услови, со удобност и софистицираност.