Топ 15 најпродавани автомобили во септември во Европа
За прв пат по многу години, Volkswagen Golf не е на врвот на листата на најпродавани модели во Европа
Причината е едноставна. Целосната неподготвеност на VW групацијата за новиот систем за мерење на потрошувачката на гориво и емисиите, WLTP, има цена која ја плаќа целата палета на брендот со голем минус во продажбата, бидејќи многу погонски агрегати мораа да бидат повлечени од пазарот. Падот е огромен во повеќе земји.
Според JATO Dynamics, ова се петнаесетте најпродавани автомобил на Стариот континент за претходниот месец.
Opel Corsa 24.752 +5%
Ford Fiesta 22.478 +20%
Renault Clio 21.944 -18%
Toyota Yaris 19.479 +2%
Peugeot 208 17.751 -12%
Mercedes A klase 17.680 +7%
Citroen C3 16.307 +1%
Fiat 500 15.876 -16%
Volkswagen Polo 15.864 -21%
Peugeot 3008 15.315 +8%
Škoda Octavia 15.226 -25%
BMW Serija 1 15.070 +1%
Volkswagen Golf 14.968 -71%
Peugeot 2008 14.517 +2%
Hyundai Tucson 14.508 -2%
(Модел / број на продадени единици / раст или пад на продажбата споредбено со истиот период минатата година)
Повеќе за резултатите од продажбата во Европа може да погледнете на следниот линк.