Британскиот WhatCar? објави листа на 10-те најпосакувани електрични автомобили, но и наведува еден за кој тие мислат дека е подобро да се заобиколи.

На десетто место според WhatCar? е моделот Jaguar I-Pace, еден од моделите кој на пазарот е присутен веќе неколку години. Како што велат, забавен е за возење, нуди пристојна автономија при возењето и има најдобар ентериер од сите Јaguar модели. Недостаток е што постојат поевтини модели, а кои можат и да се полнат побрзо.

Деветтото место му припаѓа на моделот Kia e-Niro, автомобил со одличен опсег на движење со едно полнење на батеријата и многу практичен ентериер.

Меѓу поновите модели на пазарот е Hyundai Ioniq 5, кој на листата на WhatCar? е на 8-то место и е пофален за неговата пространост, но не и за елеганцијата и удобноста при возењето.

На 7-то место е Audi e-Tron GT, на кој, според нив, не му треба посебно преставување. Доволно е да се каже дека ова е автомобил базиран на Porsche Taycan, а неговите недостатоци се недостатокот на простор во кабината и слабата покриеност со брзи полначи за Ionity.

Според уверувањето на WhatCar?, BMW направил одлична работа со iX3, нудејќи електрична варијанта на ценетиот и докажан теренец X3. Одлична удобност, совршена мултимедија и солидни карактеристики на возење, заедно со фер цена, се на листата на адути, додека минус е што по ништо не е на врвот, но доволно за шестото место на оваа листа.

Електричниот Fiat 500, како што велат, најсимпатичниот електричен автомобил, се наметнува за високото 5-то место. Забавен, пристојна цена и возна автономија, заслужува пофалби, барем додека не стигнете до автопат, каде што разочарува со создадената бука.

Škoda Enyaq iV е на 4-та позиција е пофален за практичноста и добро избалансираната цена.

Високото 3-то место е за Porsche Taycan, а овој модел, според WhatCar?, има два недостатоци. Едниот е превисоката цена, а другиот е премногу малиот радиус на возење со едно полнење.

На второ место е Volkswagen ID.3,, додека апсолутен победник е, очекувано, Tesla Model 3.

Она што главниот адут на Tesla го нуди е најдоброто што може да се најде на пазарот на електрични автомобили денес, не само во однос на неговата цена, туку и во однос на комбинацијата на перформанси, удобност и опрема.

Модел кој WhatCar? го издвојува во негативна смисла е Smart ForFour, а тоа е затоа што е едноставно премногу скап за она што го нуди.