Според податоците од 28 земји членки на ЕУ и 3 земји на EFTA, најпродаваниот автомобилски бренд во 2018 година бил Volkswagen, пред Renault и Ford

Volkswagen e убедливо на првото место со 1.746.674 продадени возила во 31 европска земја, со пазарен удел од 11,2%, според податоците на focus2move.com.

Renault кој е на второто место за 2018 година до европските потрошувачи доставил 1.097.286 возила, или 7% пазарен удел, додека третиот Ford испорачал 1.013.938 единици или 6,5% пазарен удел.

Интересно е тоа што меѓу првите десет најбарани марки на автомобили во Европа има само еден јапонски бренд (Toyota на 10-то место).

Податоците на листата се однесуваат на 28 земји-членки на ЕУ и 3 земји на EFTA (Норвешка, Исланд и Швајцарија):

  1. Volkswagen (1.746.674 / 11,2%)
  2. Renault (1.097.286 / 7%)
  3. Ford (1.013.938 / 6,5%)
  4. Peugeot (971.002 / 6,2%)
  5. Opel (882.359 / 5,7%)
  6. Mercedes (879.895 / 5,6%)
  7. BMW (811.041 / 5,2%)
  8. Audi (724.345 / 4,6%)
  9. Škoda (724.177 / 4,6%)
  10. Toyota (710.163 / 4,6%)

На позиција од 11-то до 20-то место се соодветно: FIAT, Citroen, Hyundai, Dacia, Kia, Nissan, Seat, Volvo, Suzuki и Mazda, додека од 21-во-30-то место се: MINI, Jeep, Land Rover, Mitsubishi, Honda, Smart, Alfa Romeo, Jaguar, Porsche и Lancia (италијанскиот производител на пазарот е присутен само со еден модел – Ypsilon).