Пред повеќе од три децении, Том Круз ги сними легендарниот филм Top Gun, а во него и познатите сцени со возење на мотоцикл, за сега да се врати на големиот екран со продолжение на приказната, но и нов мотор

Режисерот на продолжението со наслов „Top Gun: Maverick“ сакал да се постигне апсолутен континуитет во однос на оригиналното остварување, па така Том Круз кој ќе биде во улогата на Маверик, повторно ќе вози мотоцикл од Kawasaki. Како потсетување, во оригиналниот Top Gun од 1986 godina управува со Kawasaki GPZ900, еден од најмоќните мотоцикли во понуда во тој момент. Мотоциклот развива 113 коњски сили, а четврт милја од место (во мирување) поминувал за 11,18 секунди. Во продолжението на филмот, Круз ќе ја управува со Kawasaki H2R кој на располагање има 210 коњски сили, а четврт милја поминува за помалку од 10 секунди.

Том Круз е познат по својата љубов кон „миленците на две тркала“, кој често се пренесува и на големото платно. Фановите на Том Круз добро се сеќаваат на сите сцени на глумецот снимени со мотоцикли во франшизата Mission: Impossible, Days of Thunder, Edge of Тomorrow и други. Том Круз во својата гаража има повеќе мотоцикли, а многу од нив веќе имале „улога“ во неговите филмови.

Loading...