Tesla руши рекорди во продажбата
Американскиот производител испорачал речиси милион автомобили на своите клиенти во 2021 година
Tesla постави нов рекорд во продажба на возила во 2021 година, испорачувајќи речиси 1 милион нови автомобили на своите клиенти. Ова се гледа од извештајот на компанијата објавен на 2 јануари.
Бројот на продадени електрични возила на американскиот производител минатата година изнесува 936.172. Ова е речиси 2 пати повеќе (87%) од претходниот рекорд од 2020 година, кога се продадени 499.647 единици.
Само во последниот квартал од 2021 година, американската компанија регистрирала 308.600 продажби, што е речиси 1/3 од резултатот за цела 2021 година. Интересно, дилерите на марката успеале да продадат повеќе автомобили на пазарот споредено со бројот на единици симнати од фабричките ленти (930.422 единици).
Резултатот на Tesla е извонреден, имајќи предвид дека компанијата на Илон Маск се појави на пазарот во 2003 година. Моментално е највредниот производител на автомобили на планетата, откако пазарната вредност на компанијата минатата есен беше проценета на 1 трилион долари.