Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 27.12.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 65,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 40,210 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за 4,218 % или за 30,000 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 3,934 % или за 24,750 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 4,093 % или за 25,600 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,052 % или за 14,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,4357 ден/$ и е за околу 0,217 % понизок од курсот на доларот (54,5538 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.