Освежениот Model S ќе дебитира во септември, а ќе вклучува редизајн и промени во внатрешноста, инспирирани од Model 3

Тesla Мodel 3 VS Tesla Model S

Освежениот Tesla луксузен седан треба да има дури и помалку физички команди отколку што има во моментов, а со тоа и сосема минималистички ентериер, налик на оној во Model 3, каде што сите функции и подесувања се префрлен на големиот централен екран на допир.

Како што стојат работите, Model S веќе нема да имаат дури ни класичнa инструмент табла пред возачот, а податоците за параметрите на возењето ќе бидат достапни на споменатиот екран на допир.

Информации за перформансите засега нема, но како што е наведува CNBC, Model S за 2020 година ќе има унапредена погонска батерија, а со тоа и поголема автономија. Со целосно наполнети батерии автомобилот ќе биде во можност да патува до 644 километри, што е 50 километри повеќе од автономијата на сегашниот Model S.

Нема информации ниту за стилските промени на надворешноста, но се наведува дека овој автомобил ќе продолжи да се произведува на истата производна линија со Model X, со цел да се ослободи капацитет за новиот кросовер, Модел Y.

Модел Y се очекува да започне да се произведува на почетокот од првата половина од 2020 година.