Tesla oдлучи каде ќе гради нова гигафабрика: „Таа ќе биде вистински еколошки рај“
Tesla планира да изгради нова гигафрабрика во близина на Остин, Тексас, објави нејзиниот сопственик Илон Маск
Просторот на кој ќе се гради фабриката е со големина од околу 2.000 хектари и ќе биде оддалечен 15 минути од центарот на Остин. Фабриката, како што Маск ја најави, ќе биде „еколошки рај“ и ќе биде отворена за јавноста.
„Ќе изградиме фабрика која ќе биде зачудувачка, а се наоѓа точно на реката Колорадо“, вели Маск.
Тој додава дека во близина ќе има велосипедски и пешачки патеки.
„Тоа ќе биде практично еколошки рај“, вели Маск.
Tesla во оваа фабрика ќе ги произведува моделите Cybertrack, Model 3 и Model Y за источниот дел на Северна Америка.
Маск порачува дека Tesla ќе продолжи да се шири во Калифорнија, каде планира да се произведуваат Tesla Model S и Model X за глобална испорака, како и Tesla Model 3 и Tesla Model Y за Северна Америка.
Округот Травис, каде ќе биде изградена новата фабрика, претходно гласаше Tesla да добие даночно олеснување, со цел да се изгради фабрика која ќе донесе нови работни места во оваа област.