Интересно е што повеќето компјутери во автомобилите мамат во корист на возачот и покажуваат повеќе во однос на тоа колку возилото навистина троши

Германскиот автомобилски клуб ADAC ги тестирал разликите помеѓу просечната потрошувачка според патниот компјутер на автомобилот и реалната потрошувачка на гориво.

Бројките на инструмент таблата кои укажуваат на просечната потрошувачка на гориво во многу случаи не даваат точни вредности и покрај сензорите за мерење и компјутерот. Ова е заклучок на опсежната проценка на ADAC спроведена на 80 модели на автомобили со различни типови на погон.

За проценка се користело ADAC Ecotest мерење. Ова значи дека погонските профили и атмосферските услови секогаш биле исти за сите мерења, што е предуслов за компаративни анализи.

Кои модели најмногу „лажат“ кога станува збор за потрошувачката на гориво?

Седум возила, според проценката на ADAC, даваат точни вредности на патниот компјутер. Тоа се: Kia Xceed 1.4 T-GDI, Mercedes B 250e, Mercedes A 200d, Opel Corsa 1.2 DI Turbo, Range Rover Evoque D150 и VW Polo GTI. Вградениот компјутер на уште 19 други возила покажува вредности на потрошувачка кои отстапуваат за помалку од 2 проценти од измерената потрошувачка.

Од ADAC сметаат дека се точни оние вградени компјутери кои не отстапуваат повеќе од 5 проценти горе-доле, додека останатите каде што отстапувањето е повеќе од 5 проценти не се точни. Отстапување помалку од два проценти значи дека потрошувачката отстапува за приближно 0,1 литар, додека отстапувањето до 5 проценти е еднакво на девијација од околу 0,3 литри во просек. Интересно е што повеќето компјутери во возилата „лажат“ во корист на возачот и покажуваат повеќе отколку што возилото навистина троши.

Два премиум автомобили чии компјутери се исклучително непрецизни се Audi Q2 35 TDI quattro и BMW X5 xDrive 45e. 

Audi Q2 35 TDI quattro е најнепрецизен. Додека неговиот вграден компјутер покажува потрошувачка од 6,6 литри дизел на 100 километри, неговата реална потрошувачка е 0,8 литри помалку. Тоа одговара на отстапување од дури 13,8 проценти.

BMW X5 xDrive 45e се издвојува меѓу оние со бензински мотори. Патниот компјутер на овој хибрид со бензински мотор покажува еден литар потрошувачка повеќе, што е девијација од 9,4 проценти.