Tesla од понудата ги исфрла од понуда поевтините верзии на Model S и Model X
Американскиот производител на електрични автомобили Tesla, одлучил да се откаже од најевтината верзија на моделите S и X
Директорот на Tesla, Илон Маск преку Twitter изјави дека крајниот рок за нарачки од моделите S и X под ознаката 75D (инаку послаба верзија со 75 kWh) е недела вечер.
Така, од понеделник ќе биде достапна само поскапата верзија со батерија од 100 kWh (100D). Моделот S 75D е 66.750 долари, а верзијата 100D е 84.750 долари. Моделот X 75D чини 72.950 долари, а верзијата 100D околу 87.950 долари.
Model S со батерија од 100 kWh поминува 143 km повеќе од верзија со капацитет на батерија од 75 kWh, додека Model X poминува 148 km.
Аналитичарите тврдат дека одлуката на Tesla за укинување на верзијата 75D следи од желбата на компанијата автомобилите да не го дефинираат капацитетот на батеријата.
Во моментов, најевтиниот автомобил на Tesla е мошне бараниот Model 3 со почетна цена од 35.000 долари, а продаден во повеќе од 100.000 копии минатата година.