Tesla очекува дефицит на минерали за производство на батерии
Дали е Tesla пред нова криза?! Овој пат станува збор за очекуван недостаток на ресурси потребни за производство на батерии, се вели во изјавата на еден од челниците на компанијата – Сара Мерисол, цитирана од агенцијата Reuters.
Таа е одговорна за набавката на производни материјали и тврди дека очекуваниот дефицит на минерали, кои се користат во електричните автомобили ќе биде сериозен. Мерисол, исто така, предупредува дека сличен проблем може да се почувствува и кај другите производители на електрични автомобили. Не е јасно за какви минерали се однесува наводниот дефицит, но најверојатно станува збор бакар, никел, литиум и др.
Според извештајот на Reuters, една од причините е постојаното зголемување на побарувачката за метал за употреба во т.н. „Паметни домови“. Така, на пример, до 2030 година се очекува потрошувачката на суровината употребена само во овие објекти, да достигне 1,5 милиони тони, наместо сегашните 38.000.
Што се однесува до Tesla, компанијата има намера да ги концентрира своите ресурси кон производство на никел. Се размислува и за помало учество на кобалтот во батериите. Како најсигурни извори на благородни метали, Tesla ги посочува САД и Австралија.