„Tesla нема да направи целосно самостоен автопилот“
Шефот на Waymo верува дека Tesla никогаш нема да може да направи автомобил кој по улиците ќе биде целосно и самостојно управуван од компјутер.
Автопилотот на Tesla во последно време доби многу критики, најмногу поради најновата верзија која „му овозможува на автомобилот да се движи самостојно“.
Тој поим е проблематичен, бидејќи многумина се убедени дека воопшто не мора да го контролираат автомобилот, што не е точно.
„Тоа ја измами јавноста, многумина веруваа дека еден ден туку така ќе влезат во автомобилот кој самостојно ќе се управува без ничија асистенција. Такво нешто не е возможно”, вели Џон Крафчик од Waymo.
Интересна изјава во секој случај…