Со исклучување на греењето на ветробранското и задното стакло кога веќе си ја завршиле својата работа ќе направите голема разлика

Алтернаторот произведува електрична енергија за снабдување на уредите, а воедно го полни и акумулаторот. Колку повеќе електрична енергија мора да произведе алтернаторот, толку потешко ќе ја исполнува својата функција, а моторот со внатрешно согорување мора да работи под зголемено оптоварување за да го напојува. Тоа нормално ја зголемува потрошувачката на гориво.

Овде важи основното правило: моќност од 100 вати има дополнителна потрошувачка од 0,1 литар гориво или 0,1 kWh електрична енергија на 100 километри. Германскиот авто-клуб (ADAC) препорачува вклучување на потрошувачите на електрична енергија само кога е апсолутно потребно. Со исклучување на греачите на ветробранското и задното стакло кога веќе ја завршиле својата работа ќе направи голема разлика во однос на потрошувачката на гориво. Како и да е, никогаш не треба да го намалите осветлувањето или вентилацијата, односно, не штедете на системите што се неопходни за безбедноста.