Tesla наводно има повеќе од 1,25 милиони нарачки за Cybertruck
Ако се суди според овие бројки, електричниот пикап/камионет на Tesla ќе има голем продажен успех
Откако Cybertruck беше претставен во 2019 година, американскиот бренд добил повеќе од 1,25 милиони нарачки за овој модел, иако производството нема да започне до следната година, бидејќи Tesla во моментов нема резервен производствен капацитет и чека да се заврши изградбата на фабриката во Тексас.
Дури и нема цврсти гаранции дека Tesla ќе го започне процесот на производство на Cybertruck следната година и сосема е можно да има нови одложувања. Сепак, се чини дека американскиот бренд ќе мора малку да побрза со почетокот на комерцијалната кариера на овој модел, бидејќи тие имаат голем број нарачки, а клиентите сигурно стануваат нетрпеливи.
Интересно е што Илон Маск пред само два месеци тврдеше дека имале милион нарачани единици од Cybertruck, што би значело дека претходните два месеци таа бројка се зголемила за повеќе од 25%, што е огромен раст за автомобил што сеуште не влегол во производство.