Tesla Model Y е најпродаваниот автомобил во Европа во првиот квартал
Tesla Model Y е официјално најпродаваниот автомобил во Европа за првиот квартал од 2023 година, покажувајќи импресивен раст на продажбата од 179% во споредба со истиот период минатата година
Електричниот теренец е пред Dacia Spring и Peugeot e208 кои се на првите три места на 27 европски пазари. Volkswagen е најпродаваниот бренд во целина, пред Toyota и Peugeot.
Според JATO, Tesla Model Y е на врвот на продажната табела во март 2023 година. Сепак, ова е прв пат да го освои првото место на квартална основа. Показател за растот на регистрациите на Model Y во Европа е тоа што електричниот модел бил на 31-то место во првиот квартал од 2022 година, што е скок од неверојатни 30 места за една година.
Фелипе Муњоз, глобален аналитичар во JATO Dynamics, успехот во продажбата го припишува на „зголеменото производство со помалку проблеми со синџирот на снабдување“, сугерирајќи дека Model Y најверојатно ќе биде меѓу првите 5 најпродавани возила во Европа во 2023 година.
Од друга страна, продажбата на тесно поврзаниот Tesla Model 3 паднала за 40% во првиот квартал од 2023 година, што уште еднаш докажува дека купувачите претпочитаат теренци. Tesla работи на редизајн на Model 3, а се шпекулира дека и Model Y следната година ќе го добие истиот третман.
Регистрациите на нови автомобили во Европа покажуваат раст од 17% во првиот квартал од 2023 година, со вкупно 3.220.806 единици, што е највисок бројка од 2019 година. Според Муњоз, зголемувањето е „објаснето со заостанатите нарачки од претходните месеци кои не можеа да се испорачаат поради недостиг на компоненти во тоа време“.
Целосно електричните автомобили сочинуваат 13,4% од вкупните регистрации на нови автомобили во Европа во првиот квартал од 2023 година, со 430.700 единици. Ова е најдобриот резултат за електричните возила досега, што се припишува на повеќе опции, попристапни цени и привлечни стимулации.
Други производители на електрични автомобили со добри резултати во овој период се Geely и SAIC (MG), што покажува дека ова е само почеток на офанзивата на кинеските производители на автомобили на Европа.
Најпродавани модели и брендови во првиот квартал од 2023 година во Европа:
Друг интересен факт е дека Toyota bZ4X, која моментално е единствената целосно електрична понуда во европската гама на јапонската марка, покажува огромен раст на продажбата од 437% во првиот квартал, но не успеала да влезе во Топ 10 со само 3.700 регистрации.