Откако Tesla го лансираше Model S со автономија од 265 милји (427 км) во 2012 година, компанијата продолжува да поставува стандарди во сегментот на електрични автомобили

Моделот S сега има автономија од 402 милји или 647 километри (според стандардите на EPA), што го прави првиот електричен автомобил што ја преминува границата од 400 милји. 

Прва закана за овој рекорд кога станува збор за производство на електрични автомобили ќе биде моделот Air, произведен од Lucid Motors, кој својата премиера требаше да ја има на Салонот за автомобили во април во Њујорк оваа година, но беше откажан поради пандемијата на коронавирус.

Иако EPA сè уште не ги објавила резултатите за автономијата на Lucid Air, самиот производител тврди дека овој автомобил со полни батерии може да помине и над 400 милји.

За сега, листата на првите 6 модели според податоците на EPA изгледа вака: