Tesla ја намалува гаранцијата
Американскиот производител на автомобили со шок одлука
Според пишувањето на светските медиуми, во Tesla одлучиле да ја укинат гаранцијата за користени возила, која важеше четири години. Гаранцијата сега ќе важи само една година или 16.000 поминати километри.
„Возилата на Tesla кои се веќе купени веќе нема да бидат дел од претходниот договор за четиригодишна гаранција, а доколку автомобилот е нарачан по оваа одлука, гаранцијата ќе важи една година или 16.000 километри од датумот на нарачката“, велат од Tesla.
Минатата недела, компанијата без објаснување ја откажа полисата со која се гарантираше дека можете да го вратите автомобилот во рок од седум дена по купувањето и да ја добиете целата платена сума назад.