Блогерите од Garage 54 направија уште еден луд експеримент

Блогерите од YouTube каналот Garage 54 овој пат решиле да проверат што ќе се случи со моторот на ВАЗ-2110 доколку го извадат моторното масло и наместо него стават киселина. По дводневен експеримент, моторот на оваа Lada продолжил да дава знаци на живот.

Најпрво, блогерите го исцедиле целото масло од моторот, а потоа внимателно провериле дали сепак нешто останало во моторот. Потоа, користејќи заштитна опрема, тие внеле околу половина литар електролит во единицата и се обидле да го стартуваат автомобилот.

Моторот на ВАЗ-2110 работел околу 30 секунди, по што започнал да дими и да испушта звуци, за на крајот да се изгаси. Блогерите решиле да го остават во оваа состојба 24 часа за да видат што ќе се случи следниот ден. Следното утро ентузијастите се обиделе да го запалат моторот, но не успеале.

Затоа одлучиле дека треба да ги исушат свеќите и да се обидат повторно, по што успеале. И, овој пат, моторот работел околу 2 минути и …

Погледнете го видеото во прилог.