„Tesla е најголемото срање што сум го видел досега“
Инженер на Ford брутално искрен кога зборува за моделите на Tesla
Еден од инженерите на Ford ја критикуваше Tesla преку социјалните медиуми за слабиот квалитет на возилата и недостаток на безбедност, но подоцна сите негови коментари се избришани
Човекот прво објаснил дека работи за Ford на лансирање на електричната верзија на Mustang, додавајќи дека тоа е само негово мислење, а не мислење на Ford.
„Прво, ја сакам Tesla и сè што направија во светот на електричните автомобили. Искрено, нивните инженери се најлоши во светот, а автомобилите се најголемото „срање“ што сум ги видел досега. Нивната батерија и електроника се врвни и можеби наскоро ќе праќа луѓе во вселената, но, логистиката е лоша. Сум расклопил многу возила и кога го отворив Model 3, тој имаше неколку завртки одвртени и близу до чувствителните компоненти, не знам како тоа минало при регулаторните испитувања“, вели тој.
„Мислам дека треба да продолжат да работат на развој на платформи, бидејќи ова е дефинитивно начин како ќе се работи во иднина, но прво треба да постават многу делови онаму каде што припаѓаат. Милиони долари се инвестираат во овие платформи и Tesla напорно и континуирано се обидува да ја подигне бариерата со секој нов изум. Ова е една од причините зошто компаниите ги здружуваат силите, затоа што никој не сака да развива платформа 6 години и потоа да ја изгуби конкурентноста“.