Tesla Cybunker: вистинска гаража за вистинска „грдосија“
Откако стана јасно дека новиот Cybertruck на Tesla е преголем за паркирање во стандардна гаража, една агенција за дизајн видела можност да создаде нов пазар, па затоа дизајнирала гаража за „грдосијата“ на Tesla и ја нарекла – Cybunker
Cybertruck на Tesla се чини дека отвора сосема нови пазарни можности, а луѓето во дизајнерската агенција Lars Büro, кога откриле дека овој модел е преголем за стандардна гаража, одлучиле да дизајнираат посебна гаража.
Cybunker всушност е дизајниран како простор за живеење со гаража од 56 квадратни метри наменета за Cybertruck, во која ќе се сместат опрема и возила кои вообичаено не се вклопуваат во гаражи со стандардна големина.
Cybunker има две лизгачки врати и посебна комора, како што се коморите за декомпресија, но без декомпресија се разбира, за да се овозможи побезбеден премин од интериериерот во екстериерот, особено во екстремно ладни региони во светот, како што е поларниот појас, каде временските услови надвор се крајно екстремни во однос на интериерот.
И со самата форма, Cybunker ја следи темата на Cybertruck со својата метална структура, додека нејзината аеродинамична форма овозможува издржливост дури и во екстремни климатски услови, додека нејзината технолошки циркуларна инфраструктура создава микромрежа способна да обезбеди самоодржливост дури и во најизолираните делови на светот, сето тоа благодарение на соларните панели.