Американскиот производител на електрични автомобили од потенцијалните клиенти кои веќе имаат нарачано Model 3 и платен депозит од 1.000, побарува дополнителни 2.500 долари, пред компанијата да почне да го подготвува нивното возило

Tesla објави дека дополнителната уплата од 2.500 долари се однесува на клиентите во САД и Канада.

Ако сите оние кои во последните две години имаат нарачано примерок од Model 3 го исполнат овој услов на производителот од Калифорнија, Tesla ќе заработи околу една милијарда долари, свежи пари кои на компанијата и тоа како и се потребни.

Според Detroit News, потенцијалните клиенти кои имаат резервација може да изберат една од трите варијанти на Model 3, во случај на потврда на нарачката. Една од опциите е Model 3 Long Range со погон на задните тркала, втората е Long Range со два мотори и погон на сите четири тркала, а третата е долгоочекуваниот Model 3 Performance.

Сепак, сите овие варијанти се поскапи од, во почетокот ветената, основна верзија која чини 35.000 долари и која се уште не е на располагање.

Tesla долго време се обидува да го подигне производството на Performance на константни 5.000 единици неделно, но според Bloomberg, тоа до крајот на јуни во просек e само 3.400 единици неделно.