![Тешки денови за бензинците и дизелите: Европската унија дополнително ги заостри прописите за СО2!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/03/car-pollution.jpg)
Тешки денови за бензинците и дизелите: Европската унија дополнително ги заостри прописите за СО2!
Доаѓа време за поголемо производство на plug-in хибриди и електрични автомобили, кои емитуваат малку или воопшто СО2 за време на возењето
Според новите идеи на Европската комисија, емисијата на јаглерод диоксид од автомобилите по изминат километар треба да падне за 50 проценти од 2021 до 2030 година, а не за 37,5 проценти како што беше претходно планирано. Ова го објави Süddeutsche Zeitung, а потврда доаѓа и од официјални извори.
Што точно значи тоа?
Многу поголемо производство на plug-in хибриди и електрични автомобили, кои емитуваат малку или воопшто не испуштаат CO2 за време на возењето. Сепак, сигурно е дека ЕУ ќе ја следи и реалната потрошувачка на plug-in хибридите, за кои постои сомневање дека возачите воопшто не ги полнат со електрична енергија и дека тие функционираат како класични хибриди и емитуваат многу повеќе СО2 во реални услови.
Тешко е да се очекува дека производителите на автомобили ќе ги направат своите мотори со внатрешно согорување уште поефикасни (и ќе испуштаат уште помалку СО2), затоа што некои граници е невозможно да се намалат понатаму. Овие мерки ќе ја променат сликата во салоните за автомобили, каде што ќе има се помалку бензински и дизел мотори, но вистински предизвик следи и за големите индустриски моќници како Германија. Десетици добавувачи на автомобилската индустрија живеат од продажба на делови за мотори со внатрешно согорување. Со електричните автомобили се очекува и голем пад на бројот на работници во автомобилската индустрија, пред поради тоа што електричните автомобили имаат многу помалку делови