Теренец од Bugatti сепак ќе има?!
Изгледа производителот на автомобили „хиперспор“ се предомисли и долго најавуваниот втор модел во опсегот ќе биде SUV / кросовер возило
Првиот човек на Bugatti, Стефан Винкелман, во интервју за Bloomberg вели дека компанијата што тој ја предводи планира да ја удвои ексклузивната понуда. Со други зборови, на сега единствениот модел – Chiron, треба да му се придружи уште еден во блиска иднина.
Официјална потреба за какво возило станува збор нема, но Винкелман вели дека автомобилот ќе има четири места за патници и „умерени теренски способности“. Таквиот суров опис укажува на SUV / кросовер возило со зголемен клиренс.
Во Bugatti веруваат дека побарувачката за луксузни суперавтомобили и понатаму расте, односно доволно е голема за да се оправда нова инвестиција. Најдобар доказ за ова е фактот дека нивната тековна продажба се, најблаго кажано, одлично. Ценовно подостапен и попрактичен автомобил со повисок клиренс веројатно би се продавал дури и подобро од Chiron.
Винкелман додава електричните погонски системи сè уште не се со соодветни перформанси за возила како Bugatti, на кои, како што вели тој, сè уште им е потребен конвенционален мотор со внатрешно согорување.
Од друга страна, за Винкелман, хибридниот погон има многу повеќе смисла, па може да се очекува дека овој SUV / кросовер ќе добие токму таков вид на погон.
Повеќе детали за вториот модел на Bugatti не се познати. Производителот во моментов работи на затворање на финансиската структура за оваа новина, а тие се отворени и за инвеститори од надвор чии пари би им помогнале во овој проект.