Светски висински рекорд – со Mercedes на 6.700 метри надморска висина
Возењето во природа е голема релаксација, а Mercedes е рекордот и на тоа поле
Пат по кој ретко се оди е најдоброто решение за возење во природа, каде се зависи исклучиво од вашата способност за возење на таков терен, но исто така и од капацитетот на вашето возило.
За истражувачите во Чиле ова воопшто не е проблем бидејќи имаат специјално возило за таква намена – Mercedes Unimog.
Unimog често го користи војската, но го користат и научници, како и истражувачи и љубители на возење по карпест терен. Токму затоа многу често може да се види во близина на највисокиот вулкан во светот, Охос де Саладо во Чиле.
И токму таму, Mercedes Unimog се искачил на околу 6.694 метри надморска височина, со што е срушен претходниот рекорд од 6.100 метри надморска височина.