Aston Martin направи прототип ретровизор кој може да биде огромен хит

За Aston Martin, страничните ретровизори „од иднината“ би можеле да бидат комбинација на стара и нова технологија. Британскиот производител на автомобили, заедно со снабдувачот Gentex Corp., развил технологија која комбинира аспекти од традиционалните странични ретровизори со камери за надзор.

Соработката на Aston Martin и Gentex, инсталирана на прототипот DBS Superleggerа, користи три камери – по една во секој страничен ретровизор и една монтирана на кровот. Сликите од сите три камери се прикажуваат во ист момент на внатрешниот ретровизор.

За да максимално се искористи погледот кој доаѓа од камерите, Aston Martin ја зголемил големината на огледалата на страничните ретровизори. Сепак, вкупната големина на ретровизорите е помала од онаа кај DB11, вели Дерил Вајзмен, првиот човек за инженерство на каросерија во Aston Martin.

„Можеме да го земеме и да го ставиме во соодветно возило во одреден момент во иднина“, рече тој.

Иако некои европски и азиски земји овозможуваат системи за надзор со камери како замена за традиционалните ретровизори, на пример, американските и канадските правила за безбедност бараат возилата да имаат ретровизор во внатрешноста, како и надворешно од страната на возачот.