„Светски автомобил на годината“ дефинитивно ќе биде електричен модел / ФОТО+ВИДЕО
Финалисти во изборот за Светски автомобил на годината за 2022 година (World Car of the Year) се Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5 и Kia EV6
Организаторите на изборот „Светски автомобил на годината“ ги објавија финалистите во секоја од шесте категории на изборот. Она што веднаш паѓа во очи е доминацијата на електричните модели.
Во главната категорија – „Светски автомобил на годината“, сите три финалисти се електрични автомобили, што значи дека победник ќе биде модел кој е целосно на електричен погон. Станува збор за Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5 и Kia EV6. Моделот Hyundai Ioniq 5 е финалист и категоријата „Светски електричен автомобил на годината“. Таму неговите конкуренти се многу сериозни – Audi e-tron GT и Mercedes-Benz EQS.
И во категоријата на луксузни автомобили доминираат електричните автомобили. Mercedes-Benz EQS и BMW iX се во финалето заедно со Genesis GV70.
Во категоријата Спортски автомобил на годината, финалисти се Audi e-tron GT, BMW M3 / M4 и Toyota GR86 / Subaru BRZ. Ова е доста разновидна група, бидејќи претендентите се движат од купеа со погон на задните тркала до електричен автомобил кој развива до 646 КС.
Електричен автомобил ќе биде победник и во категоријата „Дизајн на годината“, а конкуренти во овој случај се Audi e-tron GT, Hyundai Ioniq 5 и Kia EV6.
Само во категоријата „Градски автомобил на годината“ ситуацијата е поинаква, каде за победа ќе се борат Opel Mokka, Toyota Yaris Cross и Volkswagen Taigun.
Победниците ќе бидат објавени на стартот од Салонот за автомобили во Њујорк на 13 април.