Светска премиера за редизајниранaта BMW Серија 5 / МЕГА ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО
Еден месец откако се појавија првите фотографии од рестализираната Серија 5, BMW и официјално онлајн го претстави овој модел
Претставени се и лимузинската и караван верзија, а покрај козметичките промени, и двете возила добиле технолошки подобрувања кога станува збор за моторизацијата, со цел да бидат конкурентни во однос на најголемите ривали – Audi A6 и Mercedes E-Class.
Надворешност
Кога станува збор за надворешниот дизајн, BMW Серија 5 за 2021 година донесува нови стандардни прилагодливи LED фарови, малку потенки од претходно, со вградени LED дневни светла во форма на две легнати букви „L“. Истите служат и како индикатори за насока, кога белото светло се менува во портокалово при вртење.
BMW дискретно ги редизајнирал и задните светла, а тука се и новите трапезоидни издуви.
М Sport пакетот на опрема доаѓа со нови браници, зголемени предни насочувачи на воздухот, мал спојлер на капакот од багажникот и рестилизиран заден дифузер.
Внатрешност
Кога станува збор за салонскиот дел, промените се минимални. Сите верзии на новата „петка“ се опремени со мултимедијалниот систем iDrive 7 на BMW со 12,3-инчен дигитален екран. Системот вклучува и навигација, како и функциите Apple CarPlay и Android Auto за поврзување со паметен телефон. Дигитализацијата ја вклучува и инструмент таблатта каде е поставен уште еден дисплеј од 12,3 инчи.
Моторизација
Моторизацијата на BMW 5 серија за 2021 година е подобрена со воведување на 48-волтен „благ хибриден систем“ во скоро сите бензински и дизел верзии, а тука се и два plug-in хибрида.
Базниот модел 520i има 4-цилиндерски 2.0 бензински мотор со 184 КС (135 kW) и 290 Nm, спарен со 8-степен Steptronic автомат. Следи 530i со мотор со ист волумен, но поголема моќност – 252 КС (185 kW) и 350 Nm. Менувачот е ист како и кај основниот модел, со тоа што клиентите на располагање опционално имаат и верзија со xDrive погон на сите тркала.
BMW 540i е опремен со 6-цилиндерски 3.0-литарски агрегат со 333 КС (245 kW) и 450 Nm. Моќноста се пренесува на задните или на сите 4 тркала (xDrive) преку 8-степен автоматски менувач.
На врвот од понудата е BMW M550i xDrive чиј погонски агрегат е 4.4 V8 мотор со 530 КС (390 kW) и 750 Nm. Преносот е исто така 8-степен Steptronic.
Што се однесува до дизелите, понудата ја отвораат 520d со 2.0 мотор од 190 КС (140 kW) и 400 Nm максимален вртежен момент. Покрај стандардната верзија со погонот на задните тркала, xDrive е исто така достапен за клиентите. Следи BMW 530d, чиј 3-литарски 6-цилиндерски мотор испорачува 286 КС (210 kW) и 650 Nm, кој може да се нарача и со погон на сите тркала. Најмоќниот дизел е 540d xDrive со 3-цилиндерски мотор кој произведува 340 КС (250 kW) и 700 Nm.
Сите дизели го користат споменатиот 8-степен автоматски менувач за пренос на моќта.
Базниот plug-in хибриден модел е 530e, кој се состои од бензински мотор со 184 КС и 300 Nm и електричен мотор од 109 КС (80 kW) и 265 Nm. Вкупната комбинирана моќност на хибридниот систем е 292 КС (215 kW) и вртежен момент е 420 Nm.
Ако возите исклучиво на електрична енергија, максималната автономија е околу 60 км, со максимална брзина ограничена на 140 km/h. BMW 530e е исто така достапен со погон на сите тркала xDrive.
Вториот plug-in хибрид е 545e xDrive, со 6-цилиндерски 3.0 бензинец од 286 КС (210 kW) и 450 Nm, на кој му помага електричен мотор од 109 КС (80 kW) и 265 Nm. Вкупната комбинирана моќност на оваа верзија е 394 КС (290 kW), а максималниот вртежен момент е 600 Nm.
И оваа верзија ако ја возите исклучиво на електрична енергија, максималната автономија е околу 60 км, со максимална брзина ограничена на 140 km/h. И двата plug-in хибриди користат 8-степен Steptronic.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1sIGJBQ72lXCDmDA1Sx39jMMKTuCosxQ2″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]