Светска премиера за новата Opel Mokka / ВИДЕО
За новата Opel Mokka скоро се се знаеше и претходно, откако компанијата сподели фотографии и информации во два наврати – прво за електричната верзија, а потоа и за стандардната.
Вчерашната јавна презентација од извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер, само го официјализираше сето она што го знаеме.
Како што велат од компанијата, автомобилот е дизајниран да буди емоции и да го покаже патот во иднината на марката. Новата Opel Mokka е всушност првиот автомобил на марката кој го носи новото лице, Opel Vizor. Истото важи и за редизајнираниот амблем, Opel Blitz, и името на моделот централно поставено позади. Новата Mokka е и првиот Opel со чист панел и целосно дигитализиран кокпит. Покрај тоа, ова е првиот Opel достапен уште на почетокот од продажбата и со електричен погон, како и високо ефикасни мотори со внатрешно согорување (100-130 КС). Новата Opel Mokka веќе може да се нарача по атрактивна почетна цена од 19.990 евра (цена со вклучен ДДВ за германскиот пазар).
„Со новата Mokka, ние буквално повторно го измисливме Opel. Овде во Риселсхајм, ние го дизајниравме и развивавме автомобилот од нула. Целиот тим работеше со невидена страст и непоколеблива посветеност да го одведе Opel во брилијантна и возбудлива иднина. Уште на стартот од продажбата, новата Mokka е достапна како во бензинскo и дизел издание, така и како чисто електрично возило – клиентот има избор“, вели Мајкл Лохшелер, извршниот директор на Opel.
За цени од 32.990 евра (со вклучен ДДВ во Германија), новaтa Mokka-е вози без штетни емисии. Со локални стимулации, цената се спушта на прифатливи 23.420 евра. Моќниот, речиси тивок електричен погон произведува 100 kW (136 КС) и максимален вртежен момент од 260 Nm веќе на стартот. Во циклусот WLTP, батеријата од 50kWh овозможува автономија до 324 километри пред да биде потребно повторно полнење.