Светска премиера за ажурираниот Mercedes CLS за 2021 година / ФОТО+ВИДЕО
Германскиот производител го претстави новиот лик и новите опции за својата редизајнирана луксузна купе-лимузина
Ако зборуваме за козметички интервенции и новиот лик, автомобилот, меѓу другото, добил нова решетка на ладилникот и преден браник со поагресивен изглед.
Клиентите можат да избираат помеѓу неколку варијанти на нови стилови на алуминиумските бандажи, а воведени се и комплетно нови нијанси за бојата на каросеријата – Spectral Blue Metallic, Jupiter Red, Cashmere White Magno и Emerald Green.
Промените во внатрешноста се нешто подискретни и вклучуваат нов мултифункционален волан, а има и голем избор на квалитетни материјали, како Nappa кожа и украсни детали од дрво.
Со Driving Assistance пакетот (достапен како опција), возачите се поддржани од системите Active Distance Assist и Active Steering Assist. Кај вториот, воланот користи специфичен принцип за откривање на рацете на возачот. Имено, во управувачот има двозонска сензорска база. Сензорите на предниот и задниот дел на воланот регистрираат дали рацете на возачот се на воланот, па затоа сега не е потребно да се врти воланот за да системите за помош при возење добијат информации дека возачот ја има контрола над автомобилот. Ова подобрување ја поедноставува употребата при возење во полуавтоматски режим.
Моторизацијата се состои од три опции за бензин и три дизели.
„Најслабиот“ бензински мотор е CLS 350 со 2.0-литарски 4-цилиндерски мотор од 299 КС (220 kW) и 400 Nm.
Следува CLS 450 4MATIC придвижуван од 6-цилиндерски 3.0-литарски мотор кој испорачува 367 КС (270 kW) и 500 Nm, додека на врвот на гамата е CLS 53 4MATIC+, кој исто така под хаубата крие 6-цилиндерски 3.0 мотор под хаубата, но со 435 коњски сили (320 kW) и 520 Nm.
Оваа верзија на Mercedes CLS е поврзана со 9-степен автоматик, благодарение на што автомобилот забрзува од 0-100 km/h за само 4,5 секунди.
Дизелите започнуваат со верзијата CLS 220d, која се напојува со 1.9-литарски 4-цилиндерски мотор со 194 КС (143 kW) и 400 Nm. Еден чекор повисоко е CLS 300d 4MATIC со 2.0-литарски мотор од 265 КС (195 kW) и 550 Nm, а најмоќната дизел варијанта е со ознака CLS 400d 4MATIC и е опремена со 6-цилиндерски 3.0 мотор со 330 КС ( 243 kW) и 700 Nm.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1NfEbGwVsJMBZPlwoVLqLOJayBwVc6IQ2″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Датумот на почеток на продажбата и цените за освежениот Mercedes CLS ќе бидат објавени подоцна.