По хеџбекот и караванот, Toyota ја претстави лимузината верзија на дванаесеттата генерација на Corolla

Светската премиера на новaта Corolla се одржа на саемот во кинескиот град Гуангжу. Очекувано, новата лимузинска верзија на најпродаваниот Toyota модел во историјата од предната страна стилски изгледа речиси идентично со хечбекот кој беше претставен претходно оваа година. Задниот дел е дизајниран да биде нешто поконзервативен, бидејќи Toyota сака лимузинската верзија да ја нуди на поширока целна група на клиенти.

Внатрешноста на автомобилот е исто така копирана од 5-вратниот модел, како и опремата, вклучувајќи го и мултимедијалниот уред Entune 3.0 кој е компатибилен со Apple CarPlay и Amazon Alexa системите. Клиентите можат да изберат помеѓу две големини на екранот на мултимедијалниот систем, дијагонала од 7 или 8 инчи.

Како и другите верзии на новата Corolla, лимузината е поставена на новата глобална механичка платформа на Toyota (TNGA).

Димензиите на автомобилот се 4.640 / 1.780 / 1.435 mm, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2.700 mm, како и во претходната генерација.

Јапонскиот производител наведува дека го надградил системот за суспензија во споредба со актуелниот модел Corolla, благодарение на воведувањето на повеќе-линиски задна суспензија, додека предниот „мекферсон“ е модифициран. Сето ова придонесува за подобри возни карактеристики на автомобилот, а возењето за патниците треба да го направи поудобно и потивко, според Toyota.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1BQCr57QHdfHPs1YqHTsPidwroQOWsU-k” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

На презентацијата во Кина јапонскиот производител не дава детали за моторизацијата за европскиот пазар, но се потврдува дека новата Corolla во седан изведба на избрани пазари ќе биде достапна во хибридна верзија. Ако погонската гама се преслика од хечбекот, купувачите во Европа ќе можат да избираат помеѓу две хибридни опции – послаба со 1.8-литарски бензински мотор и 122 КС (91 kW) и помоќна со 2.0-литарски бензински мотор со 180 КС (134 kW).

Покрај тоа, на располагање најверојатно ќе биде и модел со 1.2-литарскиот турбо бензински мотор со 116 КС. Дизели веќе нема да има како опција.

Toyota Corolla Sedan во продажните салони пристигнува во втората половина на 2019 година, а европската премиера треба да се одржи во март на Саемот за автомобили во Женева.