Првиот пикап камионет на Tesla нема да биде обичен пик-ап, туку „спортист“ помеѓу лесните комерцијални возила

Како што пренесуваат американските медиуми, Tesla Pickup Truck ќе има батерија од 200 kWh, автономија од 611 km и од 0-100 km/h ќе забрзува за импресивни 3,9 секунди.

Сето ова во исклучително голема каросерија со шест места за седење, каде што, според Илон Маск, зад воланот комотно ќе може да се смести и „џин“.

Камионетот на Tesla ќе има специјална специјален 240-волтен приклучок и воздушен компресор за алат.