Супербрз и суперлуксузен – светска премиера за новиот Bentley Flying Spur
Bentley ја претстави најновата, трета генерација на својот луксузен седан
Bentley Flying Spur за 2020 година дизајнерскиот јазик го дели со новиот Continental GT Coupe, а автомобилот дебитира со моќен W12 мотор.
Новата генерација димензиски е поголема во споредба со претходникот, па должината на возилото сега изнесува 5.304 mm, додека меѓуосовинското растојание е поголемо за 130 mm, односно сега е 3.195 mm.
Автомобилот има 4 седишта, од кои задните се дизајнирани како две посебни фотелји, а широките задни врати на патниците им го олеснуваат пристапот со седиштата.
Новиот Flying Spur е опремен со најнова LED матрикс технологија за фаровите, а автомобилот стандардно е поставен на 21-инчни алуминиумски тркала. Опционално се достапни и фелни од 22 инчи.
На клиентите им е достапен и голем панорамски покрив, а за прв пат во историјата на брендот – Flying B на врвот од хаубата – може автоматски да се вовлекува и извлекува.
Производителот во новиот Flying Spur вовел и ретро детали, како вертикално ориентирани решетки на маската на ладилникот, инспирирани од моделот S1 Continental Flying Spur од 1957 година.
За каросеријата ќе бидат достапни 17 бои, а декоративните детали на надворешноста може да бидат светло-хромирани или со црна завршница. Купувачите исто така ќе можат да изберат една од 15-те нијанси и дезени на прекривките за седиштата.
Салонот е опремен со голем 12,3-инчен екран чувствителен на допир на централната конзола. Сепак, на првите промо фотографии, екранот не може да се види, бидејќи може комплетно да се ротира и „скрие“ зад панелот на контролната табла.
Стандардната опрема вклучува аудио уред со 10 звучници, а со доплата, можете да уживате во систем од Bang & Olufsen од 1.500 вати, 16 звучници или премиум систем од Naim со 2.200 вати и 22 звучници.
Срцето на Flying Spur е twin-turbo 6.0 W12 агрегат кој испорачува 635 КС (467 kW) и 900 Nm максимален вртежен момент. Моќта се пренесува на сите 4 тркала преку 8-степен автоматик со двојна спојка. Важно е да се напомене дека ова е првиот Bentley со погон на сите четири тркала.
Иако тежи скоро 2,5 тони (2.435 kg), новиот Flying Spur од 0-100 km/h забрзува за само 3,8 секунди пред да достигне максимални 333 km/h.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1U9rTDag_Q5qsEDxXxvGgzsNQfnHpsii9″ mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Нарачките за овој модел ќе се примаат од есен, а првите испораки се планирани за почетокот на 2020 година. Цената за сега не е позната.