Во пресуда од Регионалниот суд во Линц се истакнува дека дилерот на автомобили не го нагласил фактот дека опсегот е помал при ниски температури во ридскиот Mühlviertel

Во суд во Австрија е донесена интересна пресуда, која може да ја отвори вратата за нови тужби, доколку биде потврдена од второстепен суд. Возач од Mühlviertel го тужел дилерот затоа што во 2018 година му продал електричен автомобил кој има многу помал домет од декларираниот, а салонот не го известил за тоа. Дилерот сега мора да врати 30.288 евра, куповната цена на возилото намалена за таксата за користење, пишува австрискиот Neue Kronen Zeitung.

Станува збор за пресуда во прв степен на Регионалниот суд во Линц. При купувањето на e-Golf на тужителот му бил ветен домет од 230 километри, се вели во во пресудата. Во ридскиот Mühlviertel, автомобилот можел да помине само 110 до 120 километри.

Регионалниот суд во Линц истакнува дека дилерот на автомобили не го нагласил фактот дека дометот со едно полнење е помал при ниски температури во ридскиот Mühlviertel. VW истакнува дека фабрички дефинираниот опсег е само информација, а стилот на возење или надворешната температура имаат влијание врз перформансите на батеријата. e-Golf е првата серија на електрични автомобили на Volkswagen, а всушност станува збор за конвертиран класичен Golf VII, кој има батерија и електричен мотор наместо мотор со внатрешно согорување. Новите електрични автомобили, од друга страна, имаат поголема автономија со едно полнење, иако и кај нив е проблем неусогласеноста помеѓу реалниот и декларираниот опсег.