Страшно! Вакво нишање на мост не сте виделе / ВИДЕО
Станува збор за Humen Pearl River Bridge во Кина изграден во 1997 година
Мостот што ги поврзува кинеските провинции Гуангжу и Донгуан е затворен од страна на властите, откако е утврдено дека се ниша премногу. Мостот долг 3.618 метри под удари на силен ветар почнал непријатно да осцилира и тоа во време на густ сообраќај. Секако се е снимено од надзорните камери.
Секоја форма на сообраќај на мостот е затворена, а не се знае кога ќе се отвори повторно. Проблемот, наводно, е предизвикан од страничните заштитни панели високи 1.200 метри кои создаваат ефект на едра за време на посилните налети на ветер. Станува збор за панели кои се привремено инсталирани за време на изведување на работите како дел од редовното одржување на мостот.