![Страшен судар: Автобус полн со патници удрил во задниот дел на камион, 12 лица на лекување! / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/03/o_24038031_1280.jpg)
Страшен судар: Автобус полн со патници удрил во задниот дел на камион, 12 лица на лекување! / ВИДЕО
Според локалните медиуми, во несреќата 12 лица се здобиле со полесни повреди
Дванаесет лица се повредени во судир на автобус на МТА и камион во Стејтен Ајленд, Њујорк, минатата недела. Несреќата се случила на 7 март, а била снимена од камера на возач кој бил во близина.
На снимката се гледа дека црвениот камион е запрен на десната лента во тоа време, а синиот автобус го удира во задниот дел и го турка околу три метри подалеку.
На објавените фотографии од SLive се гледаат последиците од несреќата. Целосно е уништен предниот дел на автобусот, особено совозачката страна. Уништен е голем дел од каросеријата, но за среќа, возачката страна не била таа што удрила во камионот, па возачот минал без сериозни повреди.
Според локалните медиуми, во несреќата 12 лица се здобиле со полесни повреди и се пренесени на лекување во Универзитетската болница Стејтен Ајленд и Медицинскиот центар на Универзитетот во Ричмонд.
Локалните власти сè уште ја истражуваат несреќата, а засега се чини дека камионот чекал во близина на влезот на градилиштето во моментот кога автобусот удрил во него.