Стимулации за профит: Франција се справува со оние кои сакаат да заработат со препродажба на електрични автомобили!
Според новите француски правила, сопствениците мора да го задржат своето ново електрично возило 12 месеци наместо досегашните шест и мора да извозат минимум 6.000 километри пред да го продадат
Купувањето електрични автомобили крие интересен бизнис кој не е нелегален, но не е целосно легален или, подобро кажано, морален. Имено, ако користите државни субвенции, тоа се пари на сите граѓани на една држава. Значи, купете си електричен автомобил поевтин 7, 8, 9… илјади евра и веднаш препродадете го. Заработуваш пари и тоа не ситно. Ако го прифатите овој бизнис модел, можете да заработите многу пари за две или три години.
Токму затоа, француската држава решила да каже: доста бандити! Секако дека пораката не е кажана со тие зборови
Според новите француски правила, сопствениците мора да го задржат своето ново електрично возило 12 месеци наместо досегашните шест и мора да извозат минимум 6.000 километри пред да го продадат. Доколку некој од овие услови не е исполнет, субвенцијата мора да и се врати на владата. Цените на половните автомобили скокнаа во последните месеци, а новите автомобили се малку, поради проблемите со синџирот на снабдување. Електричните автомобили станаа особено пожелни поради зголемените цени на бензинот и дизелот поттикнати од војната во Украина. Некои половни електрични автомобили се дури и поскапи од новите возила.
Субвенциите за Французите се едни од најдарежливите во Европа. Приватните купувачи на автомобили до 45.000 евра можат да добијат 6.000 евра (субвенцијата не смее да надминува 40 отсто од цената), а 1.000 евра за автомобили од 45.000 до 60.000 евра. Електричните комерцијални возила доаѓаат со стимулација од 7.000 евра.