Првите примероци од чешкиот хечбек веќе излегоа од производните линии

Млада Болеслав, односно фабриката на Škoda лоцирана во овој град, доби инвестиции во вредност од дури 110 милиони евра, со цел фабриката да се подготви за почеток на производството на новата генерација на Fabia. Покрај хечбекот од В-сегментот, во оваа фабрика се произведуваат уште два модели – Scala и Kamiq.

Škoda со испораки ќе започне во првиот квартал од следната година и има многу амбициозни планови со последната итерација на својот адуд од субкомпактната класа. Имено, Чесите рекоа „НЕ“ за електрификација на Fabia, бидејќи сакаат таа да остане со прифатлива цена (14.000 евра за основната верзија во повеќето земји од Европа), со оглед на тоа што таа ќе продолжи да ја игра улогата на базен модел во гамата на оваа марка.

Четвртата Fabia се префрли на новата платформа MQB A0, на која досега немаше право. Новиот модел е исто така најголем досега, а претставниците за печатот на чешката марка изјавуваат дека таа ќе биде едно од најудобните возила во својот сегмент.

Интересен е изборот на гамата на мотори. За разлика од повеќето конкуренти, Škoda Fabia ќе понуди и 4-цилиндерски бензинец – 1.5 TSI. Оваа единица ќе му понуди на возачот 150 КС и 250 Nm и моќноста ќе биде испратена до тркалата преку седумстепен менувач DSG. 1.5 TSI е опремен со технологија што му овозможува да „исклучи“ два цилиндри кога не е потребно, сето тоа заради заштеда на гориво.

Нема дизели или хибриди во гамата на мотори, а покрај споменатата погонска единица, има и 1.0-литарски 3-цилиндерски мотор во неколку варијанти: 65, 80, 95 и 110 КС.

Škoda неодамна потврди дека нема намера да пласира електрична варијанта на Fabia, барем не во блиска иднина, а покрај тоа тие се откажуваат и од варијантата Hot Hatch, за која не веруваат дека би имала добар резултат кога станува збор за продажбата.

Нешто најблиску до hot hatch верзија треба да биде едицијата Monte Carlo, која во понуда може да се најде следната година. Од претходно се знае дека новата Fabia ќе има и караван верзија со караван, што практично ќе ја направи уникатна на пазарот.

Loading...

Fullmetal Alchemist (Dub) Episode 51

TwistMoe: Napping Princess anime episode Full online free at https://twistmoe.net anime online

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Majime ni Fumajime Kaiketsu Zorori Episode 97

Pbase: https://pbase.com/gogoanimebe/profile

Bagtheweb: https://www.bagtheweb.com/u/gogoanimelol/profile