Исто како и во 2019 и 2020 година, овој „hot hatch“ уште еднаш е подобар од директните конкуренти: со 33,4 проценти од гласовите во „Категорија Б: сериски автомобили од сегментот „С“ до 40.000 евра – увоз“, i30 N со перформантен пакет е на првото место

Магазинот Sport Auto оваа награда ја доделува по 29-ти пат. Наградата за избор на потрошувачите ужива се поголема популарност. Читателите на магазинот Sport Autо можат да ги изберат своите омилени автомобили од избор од 234 модели во 18 класи и десет категории. Во гласањето учествувале вкупно 15.522 љубители на спортски автомобили, што е за речиси 20 отсто повеќе од лани.

„i30 N со пакетот за перформанси ги победи своите конкуренти и ја освои посакуваната Sport Auto награда по трет пат по ред“, вели Андреас-Кристоф Хофман, потпретседател за маркетинг и производи во Hyundai Motor Europe. „Ова достигнување покажува дека нашиот „hot hatch“ продолжува да им овозможува на нашите клиенти и читатели на магазинот Sport Auto возбудливо возачко искуство. Тоа, исто така, покажува дека нашата стратегија за проширување на Hyundai N портфолиото, покрај нашата палета на алтернативни погонски единици, е на добар пат“.