Американскиот J.D. Power, кој ги истражува вкусовите на потрошувачите, објави нов рангирање

Наречено е „Индекс на техничко искуство“ (J.D. Power 2020 U.S. Tech Experience Index (TXI) Study) и има за цел да покаже колку ефикасно автомобилските компании воведуваат нови технологии на пазарот.

Ова е петто издание на истражувањето, во кое шведскиот Volvo e на првото место со резултат 617 поени. Шведскиот производител е победник и помеѓу премиум брендовите, а во двата случаи е следен од BMW (583) и Cadillac (577).

Кога станува збор за големо сериските брендови, лидер е Hyundai со 556 поени, а корејската компанија е рангирана на 6-то место во генералниот пласман. На дното е британскиот бренд Mini со 444 поени зад германскиот производител Porsche (453).

Што се однесува до Tesla, оценката од J.D. Power е 593 поени, што брендот би го поставило на второто место зад Volvo. Сепак, производителот на електрични автомобили не e рангиран, бидејќи не дозволува сопствениците на нивните модели во 15 држави да учествуваат во истражувањето на J.D. Power.

Една од клучните поенти на студијата во САД е дека потрошувачите имаат измешани чувства кога станува збор за полу-автономните автомобили. Некои сопственици ги гледаат како начин да се справат со некои стресови, додека други не им веруваат. Според експертите од J.D. Power, возачите мора да добијат обука за работа со системите за помош, што ќе го отвори патот за масовна употреба на автоматизираните технологии.