![Специјално издание на Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio за Mille Miglia](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/05/alfa-romeo-giulia-quadrifoglio-gold-4.jpg)
Специјално издание на Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio за Mille Miglia
Како начин да се прослави врската помеѓу брендот и овој познат настан кој се одржа минатиот виденд, италијанскиот
производител претстави специјална златна верзија
Во Alfa Romeo се одлучиле на оваа специјална Giulia да и дадат златна боја која потсетува на нијансите кои ги краселе овие автомобили во 1970-тите. Овој модел е надградена верзија на Giuliа, што може да се види по малите промени на каросеријата. Внатрешноста е речиси непроменета и има сосема мали промени, а најголемата промена се рефлектира во просторот под хаубата. Тука е сместен моќен 2.9-литарски V6 мотор кој произведува 500 коњски сили.
Малку е веројатно дека една ваква верзија би влегла во продажба, но со оглед на големиот број на заинтересирани купувачи, не е исклучена ниту таква можност.
Како и да е, секако е интересно да се погледне галеријата со фотографии, а вие сами проценете за специјалната боја.