Компанијата ќе произведе 4 уникатни кросовери со имиња на планински врвови во Русија

Официјалниот претставник на Rolls-Royce за Русија ги покажа првите фотографии од новата специјалната Bespoke серија на SUV моделот Cullinan. Серијата ќе се состои од четири автомобили, кои се посветени на најпознатите планини во Русија.

Дизајнот на SUV моделите е инспириран од врвови и сртови од Кавказ до Камчатка. Тоа се планината Елбрус, селото Краснаја Полјана во Кавказ, Златните планини на Алтај и вулканот Кралјучевскаја Сопка. Надворешноста на автомобилите ќе бидат обоени во мат нијанси со користење елементи од хром и нерѓосувачки челик.

Внатрешноста на секој од моделите ќе се разликува од другите со неговите уникатни бои и елементи. На праговите ќе биде врежано името на серијата, како и името на врвот на кој е посветен автомобилот, и неговата висина – Елбрус 5.642 метри, Краснаја Полјана 2.500 метри, Кралјучевскаја Сопка 4.750 метри и Златните Планини 4.506 метри.

Симболот на колекцијата – снежна планина со врв – ќе биде извезен на потпирачите за глава. Познатото „ѕвездено небо“, типично за моделите на Rolls-Royce, ќе биде направено во форма на мапа на Русија.

Сите автомобили во серијата ќе бидат произведени до крајот на годината во фабриката на британскиот бренд во Гудвуд. Тие ќе бидат опремени со 6.75-литарски V12 со две турбини, кој дебитираше порано на моделот Phantom. Единицата е комбинирана со 8-брзински ZF автоматски менувач, развивајќи 571 КС и 850 Nm.