Откако Volkswagen го стори тоа неодамна, нов дизајн на логото проследено со нов слоган доби и јужнокорејска марка на автомобили

Логото можеше да се види уште во 2019 година, кога беше претставен концептот Inspire, а потоа и на некои шпионски снимки. Минималистичкиот дизајн на логото е придружен со нов слоган – „Движење кое инспирира“ (Movement that Inspires), а промената доаѓа во време кога Kia го разгледува новиот петгодишен план за редефинирање на марката.

Ова го потврдува и извршниот директор, велејќи дека тој сака компанијата да биде „подинамична, поелегантна и поинвентивна“ во иднина. Новиот слоган порачува дека Kia ќе го менува кредибилитетот на компанијата која лансира стилизирани автомобили на пазарот, фокусирајќи се првенствено на пристапноста. Покрај овие визуелни корекции, планот на Kia e испорака на 11 електрифицирани модели на пазарот до 2025 година.