Lada Niva и покрај својата суровост и стара технологија, вешто се спротивставува со години со конкуренцијата како идеално работно возило

Но некои ја гледаат Niva и како вистински шминкер со голем потенцијал. Бидејќи во докажаните работи не се „пипа“, тјунерите генерално се занимаваат со стилот и внатрешниот дизајн. Таков е и овој радикален тјунинг кој доаѓа и се продава во Москва.

Ова е веројатно единствената Lada во светот која има делови од нов Mercedes, поточно од G 63 AMG. Подеднакво луксузниот Mercedes GL е донатор на мултимедијата, додека седиштата се од BMW Серија 3 (Е92). Автомобилот добил дополнителна звучна изолација, надворешно каросериски додатоци, LED светла и 20 инчи тркала. Станува збор за примерок произведен во 2019 година со само 9500 поминати километри.

Цена? Продавачот бара нешто помалку од 1,5 милиони рубли, што е околу 16.600 евра. Многу, со оглед на цената на новиот модел, но сепак малку со оглед на бројните модификации. Но, за се има купувач, нели?!

Огласот со фото галерија може да го погледнете на следниот линк.